Не ѝ е важно богатството на татко ѝ: Ќерката на Еминем работи осум часа на ден како „обичните смртници“

И покрај големото богатство на нејзиниот татко, посвоената ќерка на американскиот рапер Еминем – Алаина Мари Скот работи во салон за убавина во близина на нејзиниот дом во Рочестер Хилс, Мичиген.
Имено, американскиот „Сан“ успеа да ја фотографира 30-годишната Скот во салонот за убавина. Иако има дури 110.000 следбеници на Инстаграм, таа не споделува информации и фотографии од својата дневна работа на своите профили на социјалните медиуми.
👀Despite her famous father’s millions of dollars in wealth, Alaina Scott, Eminem’s modest daughter, works at a salon.
Amrabat Rashford Sarkodie BurMun pic.twitter.com/0Igmlewohy
— Equishopsdaily 🪡 (@Equishopsdaily1) September 23, 2023
На фотографиите се гледа како таа разговара со клиент и ги покажува своите производи за време на една од нејзините осумчасовни смени. Според извор, скромната ќерка на Еминем има одличен однос со сите свои клиенти.
Како што може да се види на фотографиите, Скот е облечена во црна престилка над крем џемпер, а долу носи црни панталони и крем патики – изглед кој не се издвојува од оние на останатите вработени во салонот.
И покрај тоа што е многу активна на социјалните медиуми, таа не сака да е во центарот на вниманието и е првата личност во нејзиното семејство со факултетска диплома. Имено, таа дипломираше комуникациски науки на Универзитетот во Оукленд.
Исто така, годинава се омажи со долгогодишниот партнер Мет Молер на церемонија во Детроит.

Како потсетување, Алаина Мари Скот е ќерка на сестрата на поранешната сопруга на Еминем, која беше зависничка од дрога и почина во 2016 година.
„Јас имам целосно старателство над мојата внука. Уште од нејзиното раѓање таа е дел од мојот живот“, изјави Еминем о 2004 година.