НБРСМ: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

Народна банка на РСМ
Народна банка на РСМ / Фото: Архива на Слободен печат

Вкупните депозити во Република Северна Македонија бележат годишен раст од 5,2 проценти. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка” АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 отсто соодветно, соопшти Народната банка.

При раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен е кај секторот „домаќинства”.

Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9 проценти, како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка” АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 отсто, соодветно, информираат од НБРСМ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот