НБРСМ: Државата има потенцијал за солиден економски раст

Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај со макроекономските проекции за периодот 2019 – 2021 година.

Во првото тримесечје на оваа година продолжи олабавувањето на монетарната политика, со намалување на основната каматна стапка од 2,5% на 2,25%, како одраз на отсуството на притисоци на девизниот пазар од надворешниот сектор и на стабилнитеочекувања на домашните субјекти, при натамошен раст на вкупните депозити и ниска и стабилна стапка на инфлација. Простор за монетарно олабавување создаде и најавата наЕвропската централна банка за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување на монетарните услови во еврозоната преку други монетарни инструменти.

Во однос на најновите макроекономски проекции, во Извештајот не се упатува на поголеми промени во макроекономската слика, во споредба со октомвриската проекција. Имено, и овие проекции покажуваат натамошно забрзување на растот на домашната економија во следниот период. Имајќи го предвид нешто повисокиот раст од проектираниот за 2018 година, како и поповолниот домашен амбиент, а во услови на понеповолен надворешен амбиент и зголемени ризици од надворешното окружување, најновите проекции ги потврдуваат октомвриските очекувања за економски раст од 3,5% оваа година и негово натамошно забрзување на 3,8% следната 2020 година и на 4% во 2021 година. Во однос на изворите на растот, позитивен импулс се очекува од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, а позитивен придонес се очекува и од понатамошното зголемување на активноста во извозниот сектор.

Прочитајте и...  ОФИЦИЈАЛНО: Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

Во поглед на идната патека на движење на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на задржување на амбиентот на стабилни цени и отсуство на позначителни инфлациски притисоци. Заради тековно пониските остварувања и очекувањата за послаби притисоци од цените на примарните производи и странската ефективна инфлација во претстојниот период годинава, кај проекцијата на домашнатаинфлација е направена надолна корекција за оваа година, односно стапката на инфлација е ревидирана на 1,5%, наспроти претходно очекуваните 2%. И според најновите согледувања, како и во претходниот циклус проекции, се очекува динамиката на раст на домашните цени во 2020 и 2021 година да изнесува околу 2%.

Во усвоениот Извештај е нагласено дека најновите оцени за позицијата на билансот на плаќања упатуваат на поволна надворешна позиција и отсуство на нерамнотежи во економијата. Се очекува дека дефицитот на тековната сметка во периодот 2019 – 2021 година, во просек ќе биде на умерено ниво од околу 1,3% од БДП. Показателите за адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие ќе се задржат во сигурната зона во текот на целиот период на проекции.

Прочитајте и...  Со воени и државни почести погребан поранешниот египетски претседател Мубарак

Kредитната активност на банкарскиот сектор и натаму се оценува како важен фактор на поддршка на економскиот раст, при што се очекува дека кредитниот раст оваа и во следните две години ќе изнесува 8%. Оцените за кредитниот раст се засноваат врзпретпоставките за стабилни очекувања, раст на депозитната база и поволна капитална и ликвидносна позиција на банките. За оваа и за следните две години се очекува вкупните депозити во финансискиот систем во просек да остварат раст од 8,4%.

Во однос на ризиците околу макроекономското сценарио, неповолните ризици во делот на надворешното окружување се оценети како поизразени споредено сопретходниот циклус проекции. Тие главно се поврзуваат со присутната неизвесност заради глобалните трговски тензии, променливоста на финансиските услови и на цените на примарните производи, неизвесниот исход од процесот Брегзит, како и геополитичките ризици. Од друга страна, домашниот амбиент се оценува како постабилен, а притоа позитивен ризик кој не е директно вграден во проекциите се и можностите за забрзана евроатлантска интеграција.

Прочитајте и...  Детската клиника во Скопје ги забрани посетите на малите пациенти

Општо земено, последните макроекономски проекции презентирани во усвоениот Извештај укажуваат на здрави и солидни основи на домашната економија, со потенцијал за солиден раст, поддржан и од кредитната активност на банките, а при отсуство на инфлациски притисоци и задржување на поволната надворешна позиција. Макроекономското сценарио претпоставува стабилен и предвидлив домашен амбиент, натамошен прилив на странски инвестиции, засилување на јавниот инфраструктурен циклус, како и релативно поволно надворешно окружување, иако помалку поволно во однос на октомвриските проекции. Евентуалното неисполнување на вградените претпоставки или остварувањето на нагласените ризици може да доведе и до отстапувања од проектираната патека на клучните показатели.

Како што беше нагласено на седницата на Советот, Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, како и промените во домашниот и надворешниот амбиент, со цел соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика.

Прочитај повеќе

Носење заштитни маски во Белгија не е легално

Слободен печат

Откорнат покривот на средното хемиско училиште (ФОТО)

Слободен печат

РЕГИОНОТ ИЗНЕНАДЕН: Србија и БиХ синоќа завеани во снег (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Граѓаните индиректни жртви во директната мала „војна“ помеѓу телевизиите и кабловските оператори

Слободен печат

И покрај појавата на евроскептицизмот – ЕУ останува главен сојузник во очите на граѓаните

Слободен печат

Мијалков, Беџети, Џафери и Алексовски пристигнаа во Кривичен (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Епидемиолози од синоќа дежураат на граничниот премин Делчево

Слободен печат

Филиповски: Не да се срамиме, туку да ја пормовираме македонската рок музика

Слободен печат

Јанкуловски: Нема загрижувачка информација која би наложила прекин на наставата на УКИМ

Слободен печат

Членовите на ДИК на средба со Дескоска, ДЗР и ДКСК за финансирањето на политичките партии

Слободен печат

СДСМ и БЕСА денеска ќе ја објават коалицијата за изборите

Слободен печат

Гувернерот на Ломбардија ставен во карантин, неговиот помошник има коронавирус

Слободен печат