НБРМ: Намалени каматите на вкупните кредити на домаќинствата

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во март годинава бележи минимално намалување од 0,01 процентни поени и изнесува 6,01 отсто. Како што соопшти Народната банка, месечното намалување произлегува од падот кај каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула, како и на кредитите во странска валута. Кај оваа каматна стапка, на годишна основа е забележано намалување од 0,34 процентни поени, извести НБРМ.

„Во март, просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата изнесува 5,49 отсто и бележи пад од 0,05 процентни поени. Според НБРМ, надолната промена во целост се должи на намалувањето на каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула, во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула. Просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,07 процентни поени во однос на март минатата година.

-Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата петти месец по ред се задржа на нивото од 1,38 отсто. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,07 процентни поени. Во март, просечната каматна стапка на новите депозити на домаќинствата изнесува 1,63 отсто што е месечно намалување од 0,06 процентни поени. Надолното поместување кај оваа категорија произлегува од промените кај сите компоненти. Имено, кај каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула е остварено намалување од 0,13 и 0,07 процентни поени. Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула во март изнесува 0,76 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. Анализирано на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварена надолна промена од 0,16 процентни поени, наведува Централната банка.

Според анализираното движење, просечната каматна стапка на вкупните кредити во март годинава и натаму се намалува и се сведе на 5,26 отсто што е пад од 0,02 процентни поена во однос на претходниот месец. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,41 процентен поен.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити и натаму е на нивото од 1,42 отсто, без промени во последните три месеци, додека во однос на март минатата година е намалена за 0,06 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март забележа месечно зголемување од 0,08 процентни поени и изнесува 4,84 отсто, додека споредено на годишна основа е остварено намалување од 0,08 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,42 отсто и на месечна и годишна основа се намали за 0,14 и 0,05 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во март оствари месечен пад од 0,03 процентни поени и изнесува 4,54 отсто. Падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула при непроменета каматна стапка на денарските кредити со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,49 процентни поени во однос на март 2018 година.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,20 процентни поени во однос на претходниот месец и изнесува 4,53 отсто. Нагорната месечна промена се должи на зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула, при остварен пад кај каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,08 процентни поени“ се вели во соопштението од НБРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот