НБРМ: Банкарскиот систем покажа релативно голема отпорност на надворешните шокови

Народна банка зграда
Народна банка на Република Северна Македонија / Фото: МИА

Високата инфлација што е едно од клучните прашања како и предизвиците со коишто се соочуваат носителите на политиките веќе подолг временски период, во услови на продолжена глобална криза беа главните теми врз кои падна акцентот на средбата на делегациите на НБРМ предводена од гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска и делегацијата на централната банка на Црна Гора предводена од гувернерот Радоје Жугиќ што се одржа кон крајот на претходниот месец односно во периодот од 29 – 30 јуни.

Заклучокот на двата тима е дека ценовните притисоци, особено за малите и отворени економии, се последица на глобалните проблеми произлезени од пандемијата, а поврзани со синџирите на снабдување, во услови на отворање на економиите и нормализација на побарувачката. Големи притисоци се чувствуваат и преку каналот на сѐ повисоките цени на енергентите и на храната на светските берзи. Овие притисоци дополнително се нагласени со кризата во Украина. Со оглед на долготрајноста на овие случувања, беше увидена потребата од делување преку макроекономските политики заради ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на долгорочните инфлациски очекувања.

И двете делегации се согласуваат дека и во двете земји банкарските системи покажуваат солидни остварувања и релативно голема отпорност на надворешните шокови во изминатиот период.

Високата солвентност, ликвидноста на банките, како и добриот квалитет на кредитното портфолио покажуваат дека банките успешно го минуваат тестот на продолжената криза, при добри појдовни позиции пред почетокот на кризата, здрави политики и прудентна регулатива. Но, имајќи го превид продолжениот карактер и силината на кризата, можни се неповолни ефекти врз реалната економија и преносни ефекти врз билансите на банките, поради што е потребно внимателно следење, здраво управување со ризиците и понатамошно градење на капиталните позиции за справување со евентуалните ризици.

На средбите беа разгледани и можностите и областите каде што двете централни банки може да ја продлабочат својата успешна, долгогодишна соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот