НБА ѕвездите ретерираат: Не можеме да запреме сила каква што е НБА, но повеќе не сме робови

Центарот на Лос Анџелес лејкерс, Двајт Хауард, ги објасни своите ставови за бојкотот на продолжението на сезоната.

Хауард заедно со Кајри Ирвинг се најзвучните имиња во НБА лигата кои беа најгласни за бојкот на продолжувањето на сезоната за да се поддржат протестите против расизмот и полициската бруталност во САД.

Хауард беше дел од видео конференцијата која ја организираше Ирвинг и на која беше побарано кошаркарите да одбијат да ја доиграат сезоната.

Сега откако оваа иницијатива не наиде на одобрување кај поголемиот дел од кошаркарите бидејќи тие се револтирани од дволичноста на иницијаторите кои се едни од најплатените играчи во НБА лигата, Двајт Хауард ретерира во своите ставови за бојкот и најави дека ќе ја поддржи секоја одлука која ќе ја донесат неговите колеги.

– Глупаво е да се помисли дека можеме да запреме сила каква што е НБА, ниту пак тоа и го сакаме бидејќи таа ни пружа прекрасни можности. Нашата главна цел е кревање на свеста и поголема транспарентност. Многу играчи се плашат јавно да ги кажат своите ставови додека го работат тоа што највеќе го сакаат. Лидерите не ретко почнуваат да ги гледаат своите интереси и забораваат на луѓето кои треба да ги претставуваат, ја поддржуваме НБА и секој кој го претставува тоа има – објави Хауард.

Центарот на ЛА Лејкерс ги коментираше и изјавите на Кајри Ирвинг на видео конференцијата, кој дури и најави формирање на паралелна лига.
– Зборовите на Кајри можеби звучат радикално, но тој 100 проценти е во прави. Повеќе не сме робови и секој човек има право на транспрарентност пред носење на разумни одлуки – додава Хауард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот