НБА ѕвездите најавуваат кам-бек во репрезентацијата

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Катастрофалниот настап на штотуку завршеното Светско првенство во Кина, ги натера најдобрите НБА ѕвезди да најавуваат враќање во репрезентацијата на САД и одмазда за слабиот пласман. Кошаркарите на САД на Мундобаскетот го остварија најлошиот пласман во историјата освојувајќи го седмото место.

Прв кој најави дека враќање во репрезентацијата на наредното големо натпреварување, Олимписките игри во Токио, е најдобриот шутер во НБА лигата, Стеф Кари.

– Досега играв на две светски првенства, и имам два златни медали, но никогаш не настапив на Олимписките игри. Колегите кои играле на ОИ велат дека тоа е посебно искуство кое мора да се доживее. Планот ми е да бидам дел од репрезентацијата идното лето, освен доколку некоја повреда не ми ги расипе плановите – изјави Кари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот