НБА во шок, првиот пик не сака да оди на драфт

Најдобриот млад кошаркар на светот, Зајон Вилијамсон сите го гледаат како прв избор на годинешниот НБА драфт, но тој со последните постапки е на добар пат да го шокира кошаркарскиот свет.

Правото први да бираат на драфтот го доби Њу Орлеанс пеликанс, што воопшто не му се допаѓа на Вилијамсон кој најави дека можно е да не се пријави на овогодинешниот драфт.

Вилијамсон со сигурност ќе биде  избран како прв пик на драфтот, но тој не сака да игра во Њу Орлеанс и на најблиските пријатели им соопштил дека ќе остане уште една сезона во Дјук Универзитетот.
Бидејќи ова му беше прва година во НЦАА лигата, технички, Зајон Вилијамсон има право да продолжи со настапите за Дјук.

– Зајон има опција да не оди во Њу Орлеанс, Не зборувам дека баш тоа ќе се случи, но тој сè уште нема менаџер, ниту потпишал некаков договор со технички спонзор, па затоа се закани дека ќе остане уште една година на Дјук – изјави Брајан Виндхорст, аналитичарот на ЕСПН телевизијата.

Младата кошаркарска ѕвезда која ја споредуваат со Леброн Џејмс поради сличните физички предиспозиции, се надеваше дека правото први да бираат на драфтот ќе им припадне на Њујорк никс. Тој дури на ногата го истетовира логото на омилениот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот