НБА во големи проблеми, тројца кошаркари на Њу Орлеанс позитивни на корона

EPA-EFE/JASON SZENES

Генералниот менаџер на тимот, Дејвид Грифин откри дека тројца играчи се позитивни на коронавирус и тие ќе бидат во изолација се додека наредните тестови не покажат дека можат да се вратат на тренинзите.

Грифин не сакаше да ги именува кошаркарите, а призна дека првите позитивни тестови се откриени на тестирањата кои беа извршени на 23. јуни.

– НБА има систем кој е создаден да ги регистрира сите вакви случаи. Тој систем функционира и ние ќе мора да се носиме најдобро што знеме и да продолжиме понатаму – наведе Грифин.

НБА лигата е прекината на 11. март кога се појави првиот позитивен случај на ковид-19, тоа беше центарот на Јута џез, Руди Гобер, а сезоната треба да продолжи на 30. јули во Дизни паркот во Орландо.
НБА лигата денеска објави дека 20 кошаркари досега се позитивни на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот