НБА: Тројка во последната секунда за победа на Мемфис (ВИДЕО)

twitter.com/NBANewsNow247

Мемфис пред своите навивачи после едно одиграно продолжение го совлада Бруклин со 134:133, а првиот триумф на Гризлис го обезбеди Џеј Краудер со тројка во последната секунда.

Домаќините во втората четвртина имаа максимални 10 поени предност, но Нетси до паузата успеаја да се вратат (59:57) и во поголемиот дел од третата делница имаа позитива, најголема од „плус шест“.

Продолжение на Мемфис му обезбеди одличниот Џа Морант, вториот „пик“ од годинешниот драфт, со кош на седум секунди пред крајот, а нешто подоцна херој на домашната екипа беше искусниот Краудер, кој во јули оваа година од Јута дојде во Гризлис во „пакет“ со Мајк Конли.

Морант беше најефикасен со 30 поени (четири скока, девет асистенции, а во поразените редови за Бруклин доминираше Кајри Ирвинг со 37 поени (по седум скокови и асистенции).

Кошаркарите на Портланд иако во воведните минути од втората четвртина имаа огромна негатива од 19 поени разлика, направија целосен пресврт и му го нанесоа првиот пораз на Далас оваа сезона.

Блејзерси славеа со 121:119, а на 5.5 секунди Тим Хардавеј имаше шут за победа на Маверикси, но не беше прецизен.

Си Џеј Меколум се истакна со 35 поени (13/26 од игра), Лилард додаде 28 во редовите на Портланд, а на спротивната страна прв стрелец беше Порзингис со 32 поени, додека Лука Дончиќ беше блиску до втор „трипл-дабл“ во низа, имаше 29 поени (8/22 од игра, 2/11 за три), 12 скокови и девет асистенции.

НБА резултати:

Оклахома Сити Тандер-Голден Стејт Вориорс 120:92
Мемфис Гризлис-Бруклин Нетс 134:133, 120:120 (по 1. продолжение)
Далас Маверикс-Портланд Трејл Блејзерс 119:121
Минесота Тимбервулвс-Мајами Хит 116:109
Лос Анџелес Лејкерс-Шарлот Хорнетс 120:101

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот