НБА: Шоуто може да започне, шампионот Милвоки против ѕвездениот Бруклин

Време е за најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА/Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Новата 75 сезона во кошаркарската НБА лига започнува со натпреварот помеѓу Милвоки и Бруклин ноќта помеѓу вторник и среда.

Милвоки е бранител на титулата од минатата сезона, откако во финалната серија славеше над Феникс (4:2).  Овој дуел на паркетот во „Фосерв Форум“ започнува во 01.30 часот по средноевропско време.

Нетси сигурно оваа сезона исто така ќе бидат меѓу кандидатите за титулата, во своите редови има одлични играчи како Олдриџ, Дурент, Грифин, Ирвинг, Милсап…

Во вториот меч од програмата ќе играат шампионите од 2020 година, Лос Анџелес Лејкерс и шампионите од 2018 година, Голден Стејт Вориорс (04.00 часот).

Регуларната сезона завршува на 10 април, а потоа следува плеј-ин турнир за екипите од седмата до 10 позиција во двете конференции, додека плеј-офот започнува на 16 април 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот