НБА: Шампионот подобар од Лејкерси, не помогна ниту „Кралот“! (ВИДЕО)

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Големо внимание предизвика дуелот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и бранителот на трофејот, Торонто Репторс. На крајот славеа гостите од Канада (113:104), и покрај новиот „трипл-дабл“ на Леброн Џејмс.

„Кралот“ успеа да уфрли по 13 поени и скокови (15 асистенции), а неговиот тимски колега Ентони Дејвис беше најефикасен кај „езерџиите“ со 27 поени.

Тоа не беше доволно да се запре поразот на Лејкерси, славеа Репторси предводени од Паскал Сиакам со 24 поени (11 скокови, четири асистенции), следен од Фред Ван Влит кој имаше еден поен помалку (10 асистенции).

Торонто сега има учинок од 7-2, колку што имаат и Лејкерси.

НБА, резултати –

Минесота Тимбервулвс-Денвер Нагетс 98:100, 90:90 (по 1. продолжение)
Орландо Меџик-Индијана Пејсерс 102:109
Филаделфија Сиксерс-Шарлот Хорнетс 114:106
Оклахома Сити Тандер-Милвоки Бакс 119:121
Њујорк Никс-Кливленд Кавалирс 87:108
Феникс Санс-Бруклин Нетс 138:112
Портланд Трејл Блејзерс-Атланта Хокс 124:113, 107:107 (по 1. продолжение)
Лос Анџелес Лејкерс-Торонто Репторс 104:113

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот