НБА: Рекорд на сезоната за Никола Јокиќ! (ВИДЕО)

фото:твитер

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија на гостувањето од Бостон Селтикс со 108:95. Никола Јокиќ забележа личен рекорд на сезоната во НБА лигата по бројот на постигнати поени (30), воедно имаше 10 скокови, четири асистенции, една украдена топка и две блокади, со 13/21 од игра.

Но, учинокот на српскиот репрезентативец не беше доволен за победа, неговите тимски колеги не се покажаа во најдобро светло. Стартерите Мари, Херис, Бартон и Милсап од игра шутираа 13/36 (36 отсто).

Бостон беше подобар, ги реши сите дилеми кон крајот на третата и почетокот на последната четвртина кога разликата беше и над 20 поени.

Најефикасен во редовите на Селтикси беше Џејсон Тејтум со 26 поени и седум скокови, Џејлен Браун додаде 21, додека Кемба Вокер имаше 19.

НБА, резултати –

Шарлот Хорнетс-Бруклин Нетс 104:111
Кливленд Кавалирс-Орландо Меџик 87:93
Детроит Пистонс-Индијана Пејсерс 108:101
Бостон Селтикс-Денвер Нагетс 108:95
Чикаго Булс-Голден Стејт Вориорс 98:100
Мајами Хит-Вашингтон Визардс 112:103
Оклахома Сити Тандер-Минесота Тимбервулвс 139:127, 122:122 (1 прод.)
Милвоки Бакс-Лос Анџелес Клиперс 119:91
Сан Антонио Спарс-Сакраменто Кингс 105:104, 100:100 (1 прод.)
Портланд Трејл Блејзерс-Лос Анџелес Лејкерс 113:136

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
1.Милвоки Бакс 20-3
2.Бостон Селтикс 16-5
3.Мајами Хит 16-6

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
1.Лос Анџелес Лејкерс 20-3
2.Далас Маверикс 15-6
3.Денвер Нагетс 14-6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот