НБА: Расел Вестбрук позитивен на коронавирус!

twitter/NBA Fantasy

Уште еден од врвните НБА играчи кои се заразени од вирусот Ковид-19 поради кој во прекин е натпреварувачката сезона, но наскоро истата се очекува да продолжи.

Расел Вестбрук, членот на Хјустон Рокетс ја информираше јавноста дека е позитивен на коронавирус.

Тој имаше позитивен тест пред неговиот клуб да отпатува за Орландо каде што ќе се случува завршницата од најсилната кошаркарска лига на светот.

Се чувствувам добро, во карантин, едвај чекам да им се придружам на своите соиграчи кога ќе се опоравам. Ве замолувам сериозно да го сфатите овој вирус. Бидете безбедни и носете заштитна маска – напиша Вестбрук.

Кошаркарот на популарните „ракети“ ќе мора да помине 14 дена во карантин, а кога периодот на изолација ќе заврши, се очекува да се врати на паркетот.

НБА сезоната според најавите ќе продолжи на 31 јули во Орландо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот