НБА: „Ракетите“ посилни од „громовите“, Мајами знае како со Милвоки! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Екипата на Хјустон се пласираше во полуфиналето на Западната конференција откако во една возбудлива завршница успеа да ја победи Оклахома со 104:102 во седмиот одлучувачки натпревар од серијата.

На Истокот составот на Мајами има 2:0 против првопласираниот Милвоки (кој имаше најдобар учинок во регуларниот дел од сезоната во целата НБА лига), триумфираше по вторпат со резултат 116:114.

За Бакси не беше доволен „дабл-дабл“ билансот на Адетокумпо од 29 поени и 14 скока, на спротивната страна кај „жешките“ најрасположен беше Драгиќ со 23 поени.

Во клучниот триумф на Рокетси по 21 кош забележаа Гордон и Ковингтон, 20 додаде Вестбрук, додека Харден имаше 17 поени (девет асистенции). За „громовите“ не помогна ниту одличната партија на Канаѓанецот Дорт од 30 поени, а Пол запиша 19 поени, 11 скока и 12 асистенции.

„Ракетите“ во конференциското полуфинале на Западот ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс кој претходно со 4:1 во серијата го елиминираше Портланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот