НБА поради гледачите во Европа, Африка и Блискиот Исток ги менува термините

Лука Дончиќ во дуел со Леброн Џејмс/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Бордот на НБА лигата поради гледачите во Европа, во Африка и на Блискиот Исток закажа 45 натпревари во ударен ТВ термин по средноевропско време.

НБА лигата внимаваше при изборот на тие натпревари да играат екипи во кои ѕвезди се Никола Јокиќ, Леброн Џејмс, Стеф Кари, Јанис Адетокумпо, Лука Дончиќ…

– Закажувањето натпревари за време на викендите за навивачите во Европа, Блискиот Исток и Африка е клучна компонента на нашите напори да ја направиме радоста на гледањето НБА натпревари подостапна за обичните и тврдокорните навивачи. Во последните десет години добивме исклучително добра реакција на оваа иницијатива од навивачите од целиот свет. Имајќи го предвид квантитетот и квалитетот на талентите од Европа и Африка кои играат во НБА како никогаш досега, со викенд натпреварите на ударна телевизија, навистина ќе биде убаво да се биде НБА фан во Европа, Блискиот Исток и Африка – вели Мет Брабантс, прв потпретседател на НБА лигата.

Покрај натпреварите што ќе се играат за време на викендите по средноевропско време, предвиден е на 6. и 8. октомври во Абу Даби да се игра натревар во претсезоната, еден натпревар веднаш по американскиот Ден на благодарноста (25 ноември), Денот на Мартин Лутер Кинг (16 јануари), ќе се игра еден натпревар во Париз (19 јануари) и еден на последниот ден од регуларната сезона (9 април).

Минатата сезона беа беа емитувани рекордни 56 натпревари во ударниот тв термин. Исто така минатата сезона во НБА играа 65 кошаркари од Европа и Блискиот Исток, 14 играчи од Африка и повеќе од 30 со најмалку еден родител од Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот