НБА, плеј-оф: Бостон е првиот полуфиналист на Истокот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва го дознавме првиот учесник во полуфиналето на Источната конференција, откако Бостон со убедливи 4:0 го елиминираше составот на Филаделфија. Селтикси во четвртиот натпревар на паркетот во Орландо беа подобри од Сиксерси со конечен резултат 106:110.

Во победничките редови Кемба Вокер се истакна со 32 поени (по четири скока и асистенции), а Џејсон Тејтум запиша 28 поени и 15 скока.

Кај поразените Џоел Ембид со 30 поени и 10 скока, а добра партија имаше и Тобајас Херис со 20 коша и пет скока.

Натпреварот го обележа и страшниот пад на Херис кој ја загуби рамнотежата за време на скокот со повреда на левото око. Се врати со завој на главата во последната четвртина на нешто повеќе од пет минути до крајот на средбата.

Противник на Бостон во полуфиналето на Истокот ќе биде подобриот од пресметката Торонто-Бруклин, а таму Репторси водат со 3:0 во плеј-оф серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот