НБА: Ова е далеку од готово, Бостон намали против Мајами (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Бостон го совладаа Мајами со 117:106 во третиот натпревар и намалија на 2:1 во финалната серија од Источната конференција во НБА лигата.

Во редовите на Хитси не помогна ниту новата одлична партија на Бам Адебајо кој доцна синоќа реализираше 27 поени и додаде 16 скока.

Тајлер запиша 22 поени, пет помалку имаше Батлер, а Драгич мечот го заврши со 11 поени и пет асистенции.

Кај Селтикси дури четири играчи имаа над 20 поени, во листата на стрелците Тејтум постигна 25 поени (14 скока).

Џејлен Браун имаше кош повеќе, Вокер додаде 21 поен, а Смарт уште 20. Победникот од овој дуел во големото финале за титулата ќе игра со подобриот од финалниот дуел на Западот, а таму моментно Лос Анџелес Лејкерс води со 1:0 во серијата против Денвер Нагетс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот