НБА: Одличниот Јокиќ ги запре Лилард и Портланд! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денвер ја прекина низата од четири победи по ред на Блејзерси забележувајќи го 35 триумф и моментно е на третото место на Западот.

Кошаркарите на Денвер убедливо го совладаа Портланд со 127:99 предводени од Никола Јокиќ на кој му недостасуваше една асистенција до нов „трипл-дабл“.

Српскиот центар покажа уште една одлична партија сезонава во НБА лигата откако реализираше 29 поени, запиша воедно 13 скокови и девет асистенции.

На тој начин Денвер ја прекина низата од четири победи по ред на Блејзерси забележувајќи го 35 триумф и моментно е на третото место на Западот.

Во првото полувреме Лејкерси против Сан Антонио успеаја да направат двоцифрена предност, а во вториот дел константно го контролираа резултатот.

Прв стрелец во редовите на екипата од Лос Анџелес беше Џејмс со 36 поени и девет асистенции, следен од Ентони Дејвис додаде 18 поени, колку што имаше и Кузма. Кај Спарси најдобро се истакна Демар Дерозан со 28 поени.

НБА, резултати –

Њу Орлеанс Пеликанс-Милвоки Бакс 108:120
Хјустон Рокетс-Шарлот Хорнетс 125:110
Денвер Нагетс-Портланд Трејл Блејзерс 127:99
Лос Анџелес Лејкерс-Сан Антонио Спарс 129:102

Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 38-11
2.Лос Анџелес Клиперс 35-15
3.Денвер Нагетс 35-16

Источна конференција –
1.Милвоки Бакс 43-7
2.Торонто Репторс 36-14
3.Бостон Селтикс 34-15

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот