НБА: Ниту повредите не му можат ништо на Дончиќ, Денвер пред елиминација (ВИДЕО)

epa08621167 Dallas Mavericks guard Luka Doncic of Slovenia hits a three point shot before the buzzer over LA Clippers guard Reggie Jackson (C) for the game winner during the over-time of the NBA basketball first-round playoff game four at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 23 August 2020. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Лука Дончиќ со тројката во последната секунда му донесе триумф на Далас маверикс во четвртиот натпревар од плеј-оф серијата против ЛА Клиперс.

Натпреварот беше решен во продолжението од пет минути, а конечниот резултат и победата од 135:133 го постави Дончиќ со тројката која ја постигна со звукот на сирената.

Со оваа тројка на словенечкиот кошаркар, Далас израмни на 2:2 во победи во плеј-оф серијата со ЛА клиперс.
Освен што ги даде победничките поени, Лука Дончиќ натпреварот го заврши со нов трипл-дабл од 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции, иако до пред самиот почеток на средбата не се знаеше дали ќе игра поради повредата на коленото која ја здоби на претходниот натпревар.

Далас на овој натпревар настапи без втората голема ѕвезда Кристапс Порзингис и тоа се почувствува на стартот од натпреварот кога клиперси направија двоцифрена предност. Но како одминуваше времето, Далас полека се враќање во игра и успеа да го однесе натпреварот во продолжение каде работите во свои раце ги презеде одличниот Словенец.

Треј Бурк постигна 25 поени, Тим Хардавеј јуниор даде 21 поен за Далас, додека во редовите на ЛА Клиперс Лу Вилијамс уфрли 36 поени, а Каваи Ленард 32 но изостана учинокот од Пол Џорџ кој натпреварот го заврши со само 14 поени.

Екипата на Денвер нагетс се наоѓа пред елиминација од плеј-офот иако влезе како фаворит во пресметката со Јута џез, но моменталниот резултат е 3:1 во победи за „џезерите“ откако во четвртиот дуел славеа со 129:127.

Главен виновник за ова е неверојатниот Донован Мичел кој постигна 51 поен и стана четвртиот кошаркар во историјата на НБА лигата по Мајкл Џордан, Вилт Чембрлен и Ален Ајверсон кој во една серија на два натпревари постигнал 50 или повеќе поени. На претходниот наптревар Мичел уфрли 57 поени.


На Денвер не му помогна одличната игра на Џамал Мареј кој постигна 50 поени, како и на Никола Јокиќ и неговите 29 поени.

Актуелниот шампион Торонто репторс е вториот тим во плеј-офот кој ја заврши работата во само четири натпревари. Торонто со 150:122 го совлада Бруклин и со чисти 4:0 во победи обезбеди пласман во наредната рунда каде го очекува пресметка со Бостон селтикс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот