НБА: Незадржливиот Дончиќ го надигра Голден Стејт (ВИДЕО)

фото: твитер

Во новите НБА кошаркарски натпревари ЛА Лејкерси на гостувањето беа подобри од Портланд (120:128), а како гостин славеше и Јута над ЛА Клиперси со 120:107.

Кошаркарите на Далас убедливо го совладаа Голден Стејт со 141:121, а ги предводи расположениот Лука Дончиќ кој мечот го заврши со фантастичен учинок.

Лука Дончиќ повторно имаше одлична партија со 31 поен, 12 скокови и дури 15 асистенции во триумфот над Маверикси. Беше следен од Тим Хардавеј со 25 поени и Кристапс Порзингис со 18 поени (седум скокови).

На спротивната страна во дресот на „воините“ Дианџело Расел запиша 35 поени (шест асистенции, четири скокови), а Демијон Ли имаше „дабл-дабл“ од 18 поени и 12 скокови.

НБА, резултати:

Бостон – Торонто 97:113
Њу Орлеанс – Индијана 120:98
Чикаго – Атланта 116:81
Хјустон – Бруклин 108:98
Мајами – Филаделфија 117:116 после продолжение
Минесота – Кливленд 88:94
Вашингтон – Њујорк 100:107
Голден Стејт – Далас 121:141
Милвоки – Орландо 111:100
Сан Антонио – Детроит 136:109
Сакраменто – Финикс 110:112
Портланд – ЛА Лејкерс 120:128
ЛА Клиперс – Јута 107:120

Табела, Источна конференција –

Милвоки 29-5, Мајами 24-8, Бостон 22-8, Торонто 22-10, Филаделфија 23-12, Индијана 21-12, Бруклин 16-15, Орландо 14-18, Чикаго 13-20, Шарлот 13-21, Детроит 12-21, Кливленд 10-22, Вашингтон 9-22, Њујорк 9-24, Атланта 6-27.

Табела, Западна конференција –

ЛА Лејкерс 25-7, Денвер 22-9, Хјустон 22-10, Далас 21-10, ЛА Клиперс 23-11, Јута 20-12, Оклахома 16-15, Портланд 14-19, Сан Антонио 13-18, Финикс 12-20, Сакраменто 12-20, Мемфис 12-21, Минесота 11-20, Њу Орлеанс 10-23, Голден стејт 9-25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот