НБА нема да им забрани на играчите да комуницираат со семејствата

Најсилната кошаркарска лига на светот ја отфрли можноста за какво било потенцијално решение што може да бара изолација на играчи од нивните семејства, информира „ЕСПН”.

НБА продолжува да разгледува различни опции за продолжување на сезоната 2019/20, што беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

Најсилната кошаркарска лига на светот ја отфрли можноста за какво било потенцијално решение што може да бара изолација на играчи од нивните семејства, информира „ЕСПН”.

Генералните менаџери истакнуваат дека постои голема загриженост тренерите и постарите членови на стручниот штаб постари од 65 години да патуваат низ земјата и да водат тимови поради вирусот.

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Се истакнува на тоа дека никој не сака да биде повреден поради чувството дека не се важни во оваа ситуација, затоа мора сите детали да бидат строго земени во предвид пред да се вратат возбудувањата во НБА лигата.

Исто така, тука е и целокупната екипа која патува на натпреварите и вкупниот број на луѓе биде и до 50, со тоа што таа би можела да се преполови доколку е потребно.

Претходно НБА објави одложување на церемонијата на драфтот што требаше да се одржи во мај. Редовната сезона на 12 март беше запрена поради коронавирусот.

До прекинот на сезоната во Западната конференција водеше составот на Лос Анџелес Лејкерс со 49 победи и 14 порази, а на Истокот доминираше Милвоки Бакс (53-12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот