НБА: Милвоки немоќен без Јанис-Мајами во финалето на Истокот, Леброн за историја (ВИДЕО)

epa08655549 Miami Heat guard Andre Iguodala (L) dunks over Milwaukee Bucks center Brook Lopez (R) during the second half of the NBA basketball semi final Eastern Conference playoff game five between the Miami Heat and the Milwaukee Bucks at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 08 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Мајами хит го совладаа Милвоки бакс со 1023:93 и со вкупен резултат во серијата од 4:1 во победи обезбедија пласман во финалето на плеј-офот во Источната конференција.

Екипата на Мајами последен пат во финалето на Истокот беше во 2014 година кога ја совладаа Индијана со 4:2, но во големото финале загубија од Сан Антонио спарс со 4:1. Тогаш ѕвезди на тимот беа Двејн Вејд, Леброн Џејмс и Крис Бош, а сегашни предводници на Мајами се Џими Батлер и Горан Драгиќ.

Токму Џими Батлер го предводеше Мајами во петтиот натпревар со 17 поени, ол-стар крилото во последните минути од натпреварот ги реализира сите осум слободни фрлања, додаде и 10 скокови и шест асистенции. Одличен беше и Драгиќ со 17 поени, а Џеј Краудер постигна 16 поени. Крис Мидлтон со 23 поени беше најдобар во редовите на Милвоки.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната на овој натпревар играше без својот најдобар играч, Јанис Адетокумпо и освен во првата четвртина која им припадна со 28:15, се чувствуваше неговото отсуство на теренот.

Мајами од средината на втората половина ја презеде контролата на натпреварот и предноста не ја испушти до крајот на средбата. Во финишот на третата четвртина, „жешките“ за прв пат имаа и двоцифрена предност (68:56). Единствено што направи Милвоки беше серијата од 20:5 со која дојдоа до негатива од само четири поени (91:87), но без Јанис не можеа да направатр целосен пресврт и Мајами со четирите поени на Батлер од линијата на слободни фрлања и поените на Драгиќ ги реши дилемите околу победникот.

Противник на Мајами во финалето на Источната конференција ќе биде подобриот од дуелот Бостон – Торонто, каде селтикси водат со 3:2 во победи.
Најдобриот тим во Западната конференција ЛА Лејкерс со 112:102 го совлада Хјустон рокетс и поведе со 2:1 во победи.


Леброн Џејмс успеа да собори уште еден НБА рекорд, ова за него беше 162. победа во плеј-офот со што го надмина рекордот на Дерек Фишер кој имаше 161. триумф во разигрувањето за титулата.

Изедначената борба помеѓу двете екипи беше присутна се до последната четвртина, а дотогаш и Лејкерс и Хјустон се менуваа во водство, но ниту една екипа не успеа да направи поголема предност. Клучниот играч за тиумфот на ЛА Лејкерс беше Рејџон Рондо кој во последната четвртина постигна 12 поени и имаше пет асистенции и благодарение на неговите осум поени во низа „езерцата“ поведоа со 94:85, а потоа на сцена стапи Леброн Џејмс и не дозволи Хјустон да се врати во игра.

Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 36 поени, Ентони Дејвид имаше скор од 26 поени и 15 скокови, а Рондо 21 поен, додека во редовите на Хјустон најрасположени за игра беа Џејмс Харден со 33 поени и Расел Вестбрук со 30 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот