НБА: Мајами намали во финалето против Лејкерси (ВИДЕО)

Мајами хит е водечки во Источната конференција/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Мајами хит ја совладаа екипата на Лос Анџелес лејкерс со 112:102 во третиот меч од НБА финалето. „Жешките“ го намалија резултатот во финалето на 2:1 и тоа без Адебајо и Драгиќ, кои се повредени.

„Жешките“ беа предводени од феноменалниот Батлер кој натпреварот го заврши со „трипл-дабл“ учинок од 40 поени, 11 скока и 13 асистенции (70% од поле). Олиник и Хиро додадоа со по 17 поени, 13 имаше Робинсон, а 12 Краудер.

На спротивната страна за „езерџиите“ Џејмс реализираше 25 поени, 10 скока, осум асистенции, но и дури осум загубени топки, од кои три во многу важни моменти од дуелот.

Дејвис постигна 15 поени (пет скока), долг период беше без шут, а потоа направи релативно брзо четири фаули. Поефикасни од него беа Кузма и Морис кои забележаа по 19 коша.

Останува да се види дали Мајами ќе може да смета на услугите на Драгиќ и Адебајо во четвртиот меч, кој е на програмата во ноќта помеѓу вторник и среда од 03.00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот