НБА лигата во иднина без броевите 8 и 24?

twitter/Bleacher Report

Трагичната смрт на Коби Брајант уште долго ќе биде неизоставна тема во НБА.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата остави неизбришлива трага, а тоа може да се види по почитта која му ја оддаваат пред натпреварите, со прекршување на правилото за напад од 24 секунди, како што голем број играчи на првите натпревари по смртта на Брајант играат во дресови со броевите 8 или 24 .

Исто така, сопственикот на Далас маверикс, Марк Кјубан, одлучи да го повлече од употреба дресот со број 24 во знак на Брајант.


Неговиот потег во иднина најверојатно ќе го следат и останатите клубови. Имено, медиумите тврдат дека кошаркарите кои ги носат броевите 8 и 24 во своите екипи, одлучиле повеќе да не настапуваат во нив, и да си изберат други броеви.

Еден од кошаркарите кој е иницијатор на оваа акција е играчот на Бруклин нетс, Спенсер Динвиди, кој „осумката“ ја замени со бројот 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот