НБА лигата се врати, Леброн човек на одлука против градскиот ривал (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

За прв пат по 11. март се одигра официјален натпревар во НБА лигата.

Возбудувањата во најсилната кошаркарската лига продолжија по четиримесечна пауза и тоа со градското дерби помеѓу ЛА лејкерс и ЛА клиперс.

на крајот се радуваа кошаркарите на ЛА Лејкерс кои славеа со 103:101 и тоа благодарение на Леброн Џејмс кој ги постигна победничките поени на 12 секунди до крајот на натпреварот.

Џејмс средбата ја заврши со 16 поени и 11 скокови, Кајл Кузма имаше 16 поени, а најрасположен за игра беше Ентони Дејвид со 34 постигнати поени. Во редовите на Клиперси најпрецизен беше Пол Џорџ со 30 поени.
Со оваа победа „езерцатата“ останаа лидери во Западната конференција со скор од 50 победи и 14 порази.

Во вториот наптревар во Дизни Ворлд во Орландо, Јута го совлада Њу Орлеанс со 106:104, а човек на одлука беше Руди Гобер кој ги реализира слободните фрлања во финишот.
Донован Мичел и Мајк Конли со по 20 поени беа најпрецизни во редовите на Јута, Гобер имаше учинок од 14 поени и 12 скока, додека на спротвната страна Редик уфрли 21 поен.

Во останатокот од НБА сезоата ќе продолжат само 22 екики, и тоа тимовите кои имаат шанса да обезбедат плејоф, а сиет натпревари од регуларниот дел и од плејофот ќе се играат во Дизни Ворлд во Орландо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот