НБА лигата се огласи по најавите дека ќе формира НБА Европа и ќе ја уништи Евролигата

КОмесарот на НБА лигата Адам Силвер засега не планира да формира НБА Европа/ фото: EPA-EFE/NUCCIO DINUZZO

Како вистинска бомба одекна информација на шпанска „Марка“ дека НБА лигата заедно со ФИБА ќе формираат европска дивизија НБА Европа што воедно би значело крај на Евролигата.

„Марка“ притоа објави дека комесарот на НБА лигата, Адам Силвер му упатил писмо на извршниот директор на Евролигата, Жорди Бартомеу во кое наводно го известил за своите намери.
Денеска портпаролот на НБА лигата, Марк Бас се огласи поради овие написи во „Марка“.

– НБА лигата има долгогодишна соработка со ФИБА со цел развој на кошарката низ целиот свет преку иницијативи како што се кошарка без граници и кошаркарската лига на Африка. Исто така со години играме претсезонски натпревари против екипи кои играат во Евролигата. Како дел од нашата постојана соработка со двете заинтересирани страни, неодамна бевме повикани да учествуваме во дискусии за тоа како можеме заедно да работиме на развојот на кошарката во Европа. Се радуваме на идните разговори – изјави Бас кој исто така додаде дека комесарот Силвер не упатил никакво писмо до директорот на Евролигата, Бартомеу.

НБА ја руши Евролигата, прави НБА Европа со помош на ФИБА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот