НБА лигата ќе казнува невакцинирани кошаркари

НБА кошаркарите ќе мора да се вакцинираат доколку сакаат да играат во Канада против Торонто репторс/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Канадската влада од 15 јануари 2022 година ќе им забрани на сите невакцинирани да влезат во оваа земја.

А тоа ќе значи и дека невакцинирани НБА кошаркари нема да можат да влезат во Канада и да играат мечеви против Торонто репторс.

Невакцинирани кошаркари поради тоа ќе бидат и казнети. Кој пропушти натпревар во Канада бидејќи не е вакцинирани, ќе биде казнет.

Воедно НБА лигата ги информираше дека ќе ги казнува клубовите парично или суспензија доколку пропуштат натпревар во Канада.

Исто така ова важи и за НХЛ ѕвездите, Национална хокеј лига во Северна Америка, која вклучува екипи од САД и Канада, ќе им биде забранет влез на канадска територија доколку не се „целосно вакцинирани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот