НБА лигата има план за новата сезона

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

Челниците на НБА лигата ги открија деталите од планот и календарот за новата сезона која стартува на 22. декември и во која секоја екипа во регуларниот дел ќе одигра 72 натпревари наместо вообичаените 82.

Намалувањето на натпревари во регуларниот дел е донесено поради летните обврски и желбата на НБА лигата, плеј-офот да не се игра во исто време кога ќе се одржуваат и Олимписките игри во Токио (23. јули – 8. август) бидејќи тоа ќе влијае на гледаноста.

Новитет претставува и „плеј ин“ турнирот, односно разигрување за влез во плеј-офот како што се случи во „меурот“ во Дизни Ворлд изминатата сезона. Идната сезона на овој турнир ќе играат по четири екипи од двете конференции и тоа екипите кои ќе завршат од седмото до десеттото место во Источната односно Западната конференција.
Седмопласираната екипа ќе игра против осма и победникот од тој дуел во плеј-офот ќе влезе како седми носител, додека поразениот од тој дуел ќе игра со победникот од пресметката на деветтата и десетата екипа и поразениот тим ќе биде елиминиран. Победникот од тој дуел ќе биде последен осми учесник во плеј-офот.

Челниците на НБА пронајдоа начин и како да го намалат патувањето на екипите во време на пандемијата на коронавирусот. Имено, секоја екипа ќе игра по три пати со екипите од својата конференција, тоа се 42. натпревари, а само два пати ќе игра со тимови од другата конференција (30 натпревари)со што се доаѓа до бројката од 72. натпревари.

Точниот календар за новата сезона ќе биде објавуван постепено и засега ќе се изработи детален план за натпреварите во првата половина.
Според планот на НБА, плеј-офот ќе започне на 22. мај, а шампионот треба да биде познат најдоцна до 22. јули. Паузата за Ол стар викендот е планирана помеѓу 5. и 10. март, а засега нема потврда дека воопшто ќе се игра овој натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот