НБА лигата е досадна, се се сведува на шутирање тројки

twitter/The Crossover

Тренерот на Сан Антонио спарс, Грег Попович не е задоволен од тоа што го гледа во последните години во најсилното и најквалитетното кошаркарско натпреварување.

Попович од 1988 година е дел од НБА, прво како асистент тренер, а од 1996 година е главен тренер на Сан Антонио спарс со кого освои пет шампионски титули и сигурно е еден од најкомпетентните стручњаци кои може да зборува за НБА лигата. Според него, повеќе нема новитети во НБА лигата и се се сведува на шутирање тројки.

– Сите крадеме едни од други во последните години и тоа е причината зашто не ми се допаѓа НБА во последните години. Никој од нас не е иноватор, само гледаме кој направил нешто поинакво од останатите и го копираме. И денеска сите шутираат тројки и форсираат игра на влезови под кошевите, што е многу досадно – изјави Попович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот