НБА, лига на чудесни пресврти (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

ЛА клиперс во вториот натпревар од плејоф серијата против Голден стејт вориорс, постави рекорд во НБА лигата кога станува збор за најголемите пресврти на еден плејоф натпревар. Клиперси губеа со дури 31 поен во третата четвртина но на крајот успеаја да триумфираат над актуелниот шампион, но нивниот пресврт не е единствен во НБА лигата.

Најпознатиот тандем во НБА, го сочинуваат легендарните Џон Стоктон и Карл Мелоун, е креатор на најголемиот пресврт во историјата. На 27 ноември 1996 година успеаја да надополнат минус од дури 36 поени и да го победат Денвер нагетс. Пред самиот крај на втората четвртина, Јута губеше со 70:34 но во вториот дел од натпреварот, се разигра Мелоун кој даде 19 од своите 31 поен, а Стоктон подели 10 асистенции за конечен триумф на „џезерите“ од 113:107.

Сакраменто кингс во сезоната 2009/10 беше далеку од плејоф тим, имаше скор од 25 победи и 57 порази но сезоната ќе ја памети по големиот пресврт против Чикаго булс. „Биковите“ на стартот од третата четвртина водеа со дури 35 поени, но Сакраменто со фуриозна игра до крајот, направи серија 52:17 и на крајот славеше со 102:98. Херој во „кралскиот“ пресврт беше Име Удока кој во четвртата четвртина постигна 15 поени, повеќе од целиот тим на Чикаго.

Коби Брајант беше креатор на пресвртот на неговиот ЛА Лејкерс на средбата против Далас маверикс кој прокоцка 27 поени. Тогаш 24-годишниот Брајант ја одигра најдобрата четвртина во историјата на НБА, постигна 21 од своите 27 поени во последните 12 минути и немаше ниту едно промашување од игра или од линијата за слободни фрлања.


Пред пристигнувањето на Јанис Адетокумпо во Милвоки бакс, „елените“ за последен пат на Божиќ играа во 1970-тите години кога се впишаа во книгата со рекорди на НБА лигата. Милвоки на стартот на послената четвртина имаше минус од неверојатни 29 поени против Атланта. Најзаслужен за пресвртот е Јуниор Бриџмен, кој интересно сега е директор во Кока Кола, а неговото богатство е проценето на 600 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот