НБА: Ленард ги „сруши“ Лејкерси, шампионот славеше по продолжение! (ВИДЕО)

twitter.com/LakersDailyCom

Актуелниот шампион Торонто после едно одиграно продолжение на домашен терен го совлада Њу Орлеанс со резултат 130:122. Првиот „пик“ на НБА драфтот Зајон Вилијамсон ќе го пропушти стартот на сезоната поради проблеми со коленото, но и без него Пеликанси беа незгоден ривал за Репторси.

Имаа Пеликанси победа во рацете. Но, ја загубија топката во клучните моменти, Лаури го одведе мечот во продолжение, каде што Репторси подобро се снајдоа за победа во овој меч.

Иако поради шест лични грешки не играше продолжение, Паскал Сиакам беше чудесен и уфрли 34 поени (18 скокови) за 38 минути игра. Ист број на поени имаше и Фред ВанВлит, а Кајл Лаури додаде 22. На спротивната страна во поразената екипа Брендон Инграм запиша 22 поени, следен од Џеј Џеј Редик (16).

После долго време двата тима од Лос Анџелес во сезоната влегуваат како едни од најголемите фаворити за шампионската титула и со неколку големи ѕвезди во составите.

Првата пресметка меѓу Клиперси и Лејкерси на отворањето на сезоната ја добија играчите на Док Риверс со 112:102.

Иако „езерџиите“ имаа дури „плус 11“, водеа сè до средината на втората четвртина кога Клиперси направија голем пресврт и на одмор заминаа со предност од 62:54.

Ленард мечот го заврши со 30 поени, Лу Вилијамс додаде 21, а на спротивната страна најефикасен беше Дени Грин со 28 поени. Потоа, Ентони Дејвис забележа 25 поени (10 скокови), а ЛеБрон Џејмс 18 поени (девет скокови, осум асистенции).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот