НБА: Лејкерси не се откажуваат од шампионскиот прстен!

фото: твитер

Вежбањето ќе биде во согласност со НБА протоколот, ќе се работи индивидуално, во првите денови со по максимум четири играчи во објектот.

После пауза од два месеци поради пандемијата на коронавирус, се најавува дека од престојниот викенд ќе продолжат тренинзите на Лос Анџелес Лејкерс.

„Езерџиите“ в сабота им се враќаат на тренинзите, откако добија дозвола од властите во Лос Анџелес и медицинските официјални лица, информира Шемс Чаранија.

Вежбањето ќе биде во согласност со НБА протоколот, ќе се работи индивидуално, во првите денови со по максимум четири играчи во објектот.

Лејкерси им се придружија на Денвер Нагетс, Портланд Трејлблејзерс и Кливленд Кавалирс кои исто така започнаа со тренинзи.

Тие ќе тренираат во ограничен режим и тренинг центарот нема да биде отворен во текот на сите седум дена, но имаат намера да се вратат во нормала чекор по чекор, со цел да ги задржат високите шанси во борбата за НБА прстенот.

До прекинот на сезоната, ЛА Лејкерс се наоѓаше на првото место во Западната конференција со учинок од 49 победи и 17 порази.

Овој клуб се надева дека со најголемите ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Ражон Рондо, Двајт Хауард, Кајл Кузма, и останатите ќе вкусат нова шампионска титула после една деценија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот