НБА: Лејкерси до 30 победа, незгодна повреда на Дејвис! (ВИДЕО)

фото: твитер

Еден од клучните играчи на Лејкерси, Дејвис во третата четвртина поради повреда на грбот предвреме го напушти паркетот и му најавуваат два меча пауза.

ЛА Лејкерс славеше на домашен терен против Њујорк Никс доцна синоќа во американската кошаркарска НБА лига со конечен резултат 117:87.

Уште после првото полувреме кога 17 кошеви предност „езерџиите“ најавија дека ќе атакуваат на нов триумф оваа сезона која може за нив по подолго време повторно да биде шампионска.

Најефикасни во победата беа Леброн Џејмс со 31 поен (по пет скокови и асистенции), следен од Кајл Кузма со 16 поени.

Еден од клучните играчи на Лејкерси, Ентони Дејвис во третата четвртина поради повреда на грбот предвреме го напушти паркетот и му најавуваат два меча пауза.

Кај Никси најрасположен беше Ар Џеј Барет со 19 поени, додека Џулијус Рендал реализираше „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 10 скокови.

НБА, резултати –

Кливленд Кавалирс-Детроит Пистонс 113:115
Торонто Репторс-Портланд Трејл Блејзерс 99:101
Бруклин Нетс-Оклахома Сити Тандер 103:111, 101:101 (1 прод.)
Мемфис Гризлис-Минесота Тимбервулвс 119:112
Феникс Санс-Сакраменто Кингс 103:114
Лос Анџелес Лејкерс-Њујорк Никс 117:87

Во Западната конференција води Лос Анџелес Лејкерс со биланс од 30 победи и седум порази, а моментно најдобар на Истокот е Милвоки Бакс (32-6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот