НБА легенда и на 64 години без проблем забива (ВИДЕО)

Маркис Џонсон член на кошаркарската Куќа на славните и легенда на Милвоки бакс кој во 12-годишната кариера во НБА (1977-1989) просечно постигнуваше по 20 поени по натпревар, и на 64 години може да ја забие топката.

Џонсон на 8 февруари наполни 64 години и на социјалните мрежи подели видео на кое тој без проблем ја забива топката во кошот.

Во шега тој на земјата стави два такос сендвичи, за да го ископира забивањето на Арон Гордон на ол стар викендот кога го прескокна највискиот кошаркар во НБА лигата, Тако Фол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот