НБА класиката им припадна на Лејкерси, рекордна победа за шампионот (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

Дербито на најтофејните екипи во НБА му припадна на ЛА Лејкерс.

Дербито помеѓу ЛА Лејкерс и Бостон селтикс беше неизвесно, домаќините во неколку наврати имаа и двоцифрена предност, но кошаркарите на Бостон успеваа да се вратат во игра, а победникот беше одлучен во пенал завршница.

Кошаркарите на Бостон преку Џејсон Тејтум имаа шут за победа, но кошаркарот кој постигна рекордни во кариерата 41 поен, го промаши одлучувачкиот шут.

Домашните до триумф ги предводеше двоецот Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.
Дејвис постигна 32 поени со 13 поени, Џејмс уфрли 29 поени, додека Тејтум беше најдобар кај Бостон со 41 поен.

Важна победа во борбата за плејоф оствари Портланд кој со 107:104 го совлада Детроит. И овој натпревар имаше неизвесна завршница, а прашањето околу победникот го реши Кармело Ентони кој на 20 секунди до крајот постгина поени за недостижно водство на Портланд од 105:101. Ентони натпреварот го заврши со 32 поени, додека Си Џеј Мекалум постигна 41 поени.


Најубедливата победа ја оствари шампионот Торонто репторс кој со дури 46 поени разлика ја понижи Индијана пејсерс. Во рекордната победа на Торонто најдобар беше Паскал Сиакам со 21 поен.


Резултати:
Денвер – Минесота 128:116
Торонто – Индијана 127:81
Чикаго – Вашингтон 126:117
Оклахома – Сан Антонио 131:103
Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115
Портланд – Детроит 107:104
ЛА Лејкерс – Бостон 114:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот