НБА ќе стартува во јануари, играчите мора да одморат

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер изјави дека новата сезона нема да започне оваа година година.

Силвер се надева дека состојбата со пандемијата на коронавирусот ќе се стабилизира и навивачите ќе можат да се вратат на трибините.

Со соодветни протоколи можеме да ги вратиме навивачите во салите. Тоа ни е целта, но се зависи од неколку фактори, а меѓу најважната работа се брзите тестови на ковид-19 – изјави Силвер.

Поради пандемијата на коронавирусот завршницата во НБА лигата се игра во „меур“ во Дизни Ворлд во Орландо. Силвер предупредува дека доколку не се стабилизира состојбата, можно е и новата сезона да се игра во „меур“. Комесарот исто така потврди дека стартот на новата сезона нема да се случи пред јануари идната година.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Го нема Роналдо, тука е Мората - големо изненадување во Русија!

– Се надевам дека нема да се враќаме во „меурот“, но тоа е една од опциите која мора да ја имаме во предвид. Најверојатно е дека стартот на новата сезона ќе биде во јануари. Подготовките за новата сезона ќе траат три недели, а тоа значи дека на кошаркарите им е потребен одмор. Не смееме сите да заборавиме дека пред себе ја имаме најдолгата сезона која сè уште не е завршена, финалето може да трае и до средина на октомври. На играчите им е потребен и психички и физички одмор, исто така не треба да се заборави дека три месеци се одвоени од своите семејства – потенцира Силвер.

Поврзани вести

Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Слободен печат

Куп: Вардар и Работнички елиминирани, Шкендија во четвртфиналето

Слободен печат

ВИДЕО: Кога мислите дека „бродот тоне“, мотивацискиот говор на Ѓоковиќ!

Слободен печат

Заврши ракометниот карантин – продолжува Супер-лигата

Слободен печат

Клиперси и официјално имаат нов тренер

Слободен печат

Фиго: Европската премиер лига ќе го уништи фудбалот

Слободен печат

Остави Коментар