НБА ќе има нов шампион, фантастичен Јокиќ за Денвер! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во седмиот одлучувачки натпревар од плеј-оф серијата Бостон со резултат 92:87 го совлада и елиминираше ланскиот шампион во НБА лигата, Торонто.

На тој начин Селтикси се најдоа во финалето на Истокот во кое ќе ги одмери силите со Мајами Хит кој претходно со 4:1 беше подобар од Милвоки Бакс.

Најзаслужен за триумфот на Бостон беше Џејсон Тејтум кој одлично одиграниот меч го заврши со учинок од 29 поени, 12 скока и седум асистенции.

Зад него на листата стрелци се наоѓаат Џејлен Браун (21), Марку Смарт и Кемба Вокер со по 16 поени. За Репторси во последниот дуел сезонава најдобро се истакна Фред Ван Влит со 20 поени, а капитенот Кајл Лаури додаде 16 поени.

Во конференциското полуфинале на Западот Денвер намали на 3:2 во серијата против Лос Анџелес Клиперс, откако доцна синоќа славеше со 111:105.

Иако во третата четвртина беа во голема негатива, Нагетси се вратија од „минус 16“, а еден од најзаслужните во пресврт беше српскиот центар Никола Јокиќ кој запиша 22 поени, 14 скока и пет асистенции.

Подобар од него беше канадскиот интернационалец, бекот Џамал Мари со 26 поени, осум скока и седум асистенции.

За Клиперси доминираше Кавај Ленард со 36 поени (девет скока), следен од Пол Џорџ со 26 поени. Победникот од оваа пресметка во финалето на Западната конференција ќе игра со подобриот од ЛА Лејкерс-Хјустон Рокетс (3:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот