НБА: Казинс една година во дресот на Хјустон рокетс!

Фото: EPA-EFE/WARREN

Слободниот агент Демаркус Казинс прифати да потпише договор на една година со Хјустон рокетс, пренесува „ЕСПН“. Не играше од плеј-офот во 2019 година со Вориорси во текот на финалето против Торонто репторс.

Четирикратниот „Ол-стар“ играч претрпе повреда на Ахиловата тетива со Њу Орлеанс пеликанс во 2018 година.

Таа повреда ја заврши неговата сезона 2017/18 во јануари и авантурата со „пеликаните“ откако се пресели во Голден Стејт и ја помина првата половина од следната сезона опоравувајќи се од повредата.

Се врати да одигра 30 натпревари на крајот од регуларната сезона 2018/19 за „воините“. Иако не се врати во правата форма, имаше свој придонес во ограничени минути во тимот преполн со напаѓачки опции. Забележа просек од 16,3 поени, 8,2 скока, 3,6 асистенции, 1,3 украдена топка и 1,5 блокада за 25,7 минути по меч.

Минатата сезона потпиша договор со  Лос Анџелес лејкерс, пред да се здобие со уште една тешка сериозна повреда на ногата и тоа на предниот вкрстен лигамент во предсезонски меч и никогаш не настапи за „езерџиите“ кои потоа станаа шампиони во НБА лигата.

Лејкерси имаат пеколен план, идното лето доаѓа Јанис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот