НБА: Јокиќ со „трипл-дабл“ во неверојатниот пресврт на Денвер (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер направија огромен успех, откако во седмиот решавачки натпревар ја совладаа екипата (4:3) на ЛА Клиперс со 104:89 и се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА лигата.

Нагетси иако беа во негатива од 3:1 во серијата, на крајот собраа сили да го изненадат и воедно елиминираат еден од главните фаворити за шампионската титула оваа сезона.

Еден од најзаслужните за синоќешната победа беше српскиот интернационалец, центарот Никола Јокиќ кој имаше „трипл-дабл“ учинок од 16 поени, 22 скока и 13 асистенции.

Поефикасен стрелец од него беше Џамал Мари кој реализираше 40 поени, а на спротивната страна за составот од Лос Анџелес Монтреал Херел запиша 20, а Кавај Ленард 14 поени.

Следниот противник на Денвер (кој е во финалето на Западот за првпат после сезоната 2008/09) ќе биде тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој во второто полуфинале со 4:1 беше подобар од Хјустон.

Започна конференциското финале на Истокот, таму прв во водство (1:0) дојде Мајами кој со 117:115 после едно продолжение триумфираше над Бостон. За „жешките“ Словенецот Драгиќ беше прв стрелец со 29 поени, а еден повеќе во дресот на Селтикси имаше Тејтум (14 скока).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот