НБА: Јокиќ со страшен „трипл-дабл“ против Јута Џез! (ВИДЕО)

фото:твитер

Ваквите бројки се уште поимпресивни кога ќе се земе во предвид дека Јокиќ играше против Руди Гобер, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Кошаркарите на Денвер ја совладаа Јута со 98:95, а уште една блескава партија во НБА лигата имаше Никола Јокиќ.

Српскиот центар повторно беше незапирлив за противниците, откако забележа нов „трипл-дабл“. Јокиќ ја предводи екипата од Колорадо со 30 поени, 21 скок и 10 асистенции.

Ваквите бројки се уште поимпресивни кога ќе се земе во предвид дека Јокиќ играше против Руди Гобер, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Единствено поефикасен од Србинот беше канадскиот интернационалец Џ. Мареј со 31 поен.

На спротивната страна за „џезерите“ доминираше Мајк Конли со 21 поен, три помалку запиша Мичел.

НБА, резултати –

Детроит Пистонс-Феникс Санс 116:108
Бостон Селтикс-Орландо Меџик 116:100
Бруклин Нетс-Голден Стејт Вориорс 129:88
Торонто Репторс-Индијана Пејсерс 119:118
Минесота Тимбервулвс-Атланта Хокс 120:127
Оклахома Сити Тандер-Кливленд Кавалирс 109:103
Далас Маверикс-Мемфис Гризлис 107:121
Јута Џез-Денвер Нагетс 95:98
Лос Анџелес Клиперс-Мајами Хит 128:111

Во Западната конференција води Лос Анџелес Лејкерс со учинок од 38 победи и 11 порази, а на Истокот лидер е Милвоки Бакс (43-7).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот