НБА: Јанг ги запре Нагетси, осми триумф за Лејкерси! (ВИДЕО)

фото:твитер

Нагетси се поразени после четири триумфи по ред, а дуелот во „Пепси Центар“ го одбележа одличниот Треј Јанг кој постигна 42 поени (шут за три, 8/13).

Јанг со 42 поени (13/21 од игра, 8/11 слободни фрлања) постави личен рекорд оваа сезона во НБА лигата, запиша и 11 асистенции, а го следеа Џабари Паркер со 20 и Лен со 17 поени.

Кај Нагетси Вил Бартон реализираше 21 поен, Јокиќ имаше еден помалку (1/8 за три поени), а Пол Милсап со 19 поени.

Лос Анџелес Лејкерс во еден одличен меч во Феникс беше подобар од Санси со 123:115, а пресудна беше серијата од 12:2 во последните три и пол минути, кога гостите од Калифорнија од „минус два“ обезбедија триумф и останување на врвот на Западот со учинок 8-2.

Ентони Дејвис беше најефикасен со 24 поени (12 скокови), Кајл Кузма постигна 23, а Леброн Џејмс 19 поени.

На спротивната страна се истакна Девин Букер (девет асистенции) и Рики Рубио (10 асистенции) со по 21 кош.

НБА, резултати –

Индијана Пејсерс-Оклахома Сити Тандер 111:85
Филаделфија Сиксерс-Кливленд Кавалирс 98:97
Мајами Хит-Детроит Пистонс 117:108
Чикаго Булс-Њујорк Никс 120:102
Денвер Нагетс-Атланта Хокс 121:125
Феникс Санс-Лос Анџелес Лејкерс 115:123
Јута Џез-Бруклин Нетс 119:114
Сакраменто Кингс-Портланд Трејл Блејзерс 107:99

Табела:

Источна конференција –
1.Јута Џез 8-3
2.Денвер Нагетс 7-3
3.Минесота Тимбервулвс 6-4

Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 8-2
2.Јута Џез 8-3
3.Лос Анџелес Клиперс 7-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот