НБА ја загуби убавината во играта

twitter/paugasol

По Гасол е еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња и еден од најдобрите центри во НБА лигата во последните 20 години. Шпанецот кој влезе во 40. година од животот и ја игра 10. сезона во НБА, има освоено две титули со ЛА Лејкерс, во интервју за „Марка“ зборува за новиот тренд во НБА лигата. Гасол имаше интересен одговор на прашањето колку се сменила НБА лигата од 2001 година кога тој дебитираше.

– Многу работи се сменија, а највеќе самата игра. Денеска играчите веднаш шутираат, нападите се многу кратки и во секој напад гледаме многу малку додавања. Кога јас почнував во НБА, доколку шутнев на почетокот од нападот веднаш ќе завршев на клупата, но денеска гледаме дека тренерите инсистираат на ваква игра. Тие бараат да се шутне кон противничкиот кош по осмата секунда во нападот. Веќе се загуби убавината на играта, нема повеќе движење на топката од крај до крај, комбинација помеѓу внатрешна и надворешна игра и игра со двајца кошаркари во рекетот. Исто така се изгуби и улогата на центарот – вели Гасол.

Шпанецот заедно со Дирк Новицки се двајцата европски кошаркари кои најдолго настапувале во НБА лигата и со 40 години веќе почнува да размислува за пензија.

– Не се грижам за иднината, сфаќам дека мојата кариера се ближи кон крајот но тоа е нормален процес во животот. Кој знае што ќе се случи откако ќе заминам во пензија, но имам неколку идеи. Тоа што е сигурно е дека ќе останам во кошарката. Би сакал да работам во некој клуб, но исто така сакам што повеќе време да поминувам со семејството. Но, сега уживам како играч и кога ќе го затворам тоа поглавје ќе продолжам со ново – размислува Шпанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот