НБА ја руши Евролигата, прави НБА Европа со помош на ФИБА

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

Пред два дена каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ ексклузивно најави дека кошаркарската Евролига се наоѓа во многу тешка ситуација и неколку клубови се подготвени да и го свртат грбот и да се вратат во натпреварувањата под капата на ФИБА.

Денеска пак „Марка“ ја крена кошарска Европа на нозе со нова ексклузива, НБА во соработка со ФИБА започнуваат создавање на НБА Европа.
Сепак, ова не значи дека европските екипи ќе играат против НБА тимовите, барем засега.

Планот на НБА е да направи ново натпреварување и по НБА лигата, женската ВНБА, развојната Џеј Лига и НБА Африка, да се создаде и НБА Европа.

Незадоволството на неколку евролигашки екипи од работата на Жорди Бартомеу и на Евролигата, само ја забрзаа приказната и преговорите за новото натпреварување, па сега се шпекулира дека НБА Европа би можела да започне веќе од 2023 година, а најголемите оптимисти се надеваат дека тоа може да се случи веќе од наредната сезона.

Зад новото натпреварување како организации би стоеле НБА и ФИБА кои ги ја добиле поддршката од националните кошаркарски федерации.

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, веќе му испратил писмо на првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу во кое ја истакнува намерата да направи Европска дивизија во која би играле некои оид најдобрите европски клубови. Силвер наводно веќе остварил контакти со некои од незадоволните екипи и веќе добил зелено светло за покренување на ново натпреварување.

Најголеми противници на работата на Жорди Бартомеу се Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби и ЦСКА Москва, додека на негова страна се шпанските Барселона, Реал Мадрид како и Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот