НБА ја призна грешката, сидиите му ја украдоа титулата на Торонто

Торонто репторс ја имаше првата меч топка за титулата во својата „Скотиабанк“ Арена но не ја искористија шансата, Голден Стејт направи брејк со победата од 106:105 и намали на 2:3 во победи.

Но, освен што Торонто во последната четвртина испушти шест поени предност, НБА лигата призна дека судиите на 49 секунди до крајот направија превид кој директно влијаеше на резултатот.

Центарот на Торонто, Марк Гасол на 49 секунди до крајот на наптреварот при резултат 103:106 се обиде со положување да поентира, беше фаулиран од Демаркус Казнс, но судиите не досудија прекршок. Натпреварот продолжи и на крајот актуелниот шампион победи откако Кајл Лаури го промаши шутот за победа.

Наредниот шести натпревар се игра ноќта во петок кон сабота (03 часот), Голден Стејт пред своите навивачи ќе има можност да ја израмни серијата на 3:3 во победи,а доколку слави Торонто, титулата за прв пат ќе оди во Канада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот