НБА: Ирвинг „џабе“ броеше до 50, пораз на Бостон! (ВИДЕО)

twitter.com/pisounalinha

Бруклин на почетокот од натпреварот ги претставија Кајри Ирвинг и Кевин Дурент, овој вториот веројатно ќе ја пропушти целата НБА сезона.

Ирвинг докажа уште еднаш зошто станува збор за еден од најдобрите кошаркари во лигата, но неговиот учинок не беше доволен да се спречи поразот на неговиот клуб.

Ирвинг забележа точно 50 поени (осум скокови и седум асистенции), далеку зад него беше Крис Лавер со 20 поени. Во победничките редови Карл Ентони Таунс постигна 36 поени и 14 скокови, а со 21 поен и осум скокови се истакна Ендрју Вигинс.

Да додадеме уште дека Филаделфија пред своите навивачи беше подобра од Бостон со 107:93. После подобриот старт, Селтикси водеа сè до паузата, но потоа Сиксерси доминираа, ја имаа контролата над мечот и ја задржаа предноста до конечна победа.

Бен Симонс беше најефикасен во Филаделфија со 24 поени, осум скокови и девет асистенции. Ал Хорфорд додаде 16 поени, а по 15 уфрлија Тобајас Херис (15 скокови) и Џоел Ембид кој додаде 13 скокови.

Во Бостон најефикасен беше Гордон Хејворд со 25 поени, потоа 21 поени и 10 скокови додаде Џејсон Тејтум, а по 12 поени реализираа Енес Кантер и Кемба Вокер.

НБА, резултати –

Шарлот Хорнетс-Чикаго Булс 126:125
Индијана Пејсерс-Детроит Пистонс 110:119
Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 94:85
Бруклин Нетс-Минесота Тимбервулвс 126:127, 115:115 (по 1. продолжение)
Мајами Хит-Мемфис Гризлис 120:101
Филаделфија Сиксерс-Бостон Селтикс 107:93
Далас Маверикс-Вашингтон Визардс 108:100
Сан Антонио Спарс-Њујорк Никс 120:111
Јута Џез-Оклахома Сити Тандер 100:95
Феникс Санс-Сакраменто Кингс 124:95
Портланд Трејл Блејзерс-Денвер Нагетс 100:108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот