НБА играчите во вербална војна со претседателот на САД: Гајле ми е дали Трамп гледа НБА

Дел од кошаркарите веднаш возвратија на твитот на Трамп во кој објави дека кошарката за него не постои.

Утринава по пауза од четири ипол месеци НБА лигата се врати, во Дизни Ворлд во Орландо се одиграа првите два натпревари, а тие започнаа со заедничко клечење при интонирањето на химната во знак на поддршка во борбата против расизмот.

Ваквиот потег наиде на големо одобрување на поголем дел од спортската јавност во САД, но не и кај претседателот Доналд Трамп.

„Се радувам на враќањето на спортот, но секој пат кога ќе видам како кошаркарите клечат во текот на изведување на химната, што е знак на големо непочитување кон нашата земја и знаме, кошарката за мене е готова“, напиша Трамп на својот Твитер профил.


Одговорот дојде експресно од дел од кошаркарите кои се во Орландо.
Пред се, мислам дека на никој во НБА не му гајле дали претседателот Трамп гледа кошаркарски натпревари или не. Личлно, баш ми е гајле за него. Што се однесува до него, без разлика на овој твит за НБА лигата, мислам дека секој негов твит е смислен за да ги подели луѓето, да изнервира некого и е наменет за неговите гласачи на кои им е забавно да го читаат. Ниту тоа што го напиша за нас не се разликува – изјави Џеј Џеј Редик од Њу Орлеанс пеликанс.

Прочитајте и...  Харгривс: Од Дортмунд блефираат, Санчо ќе игра за Јунајтед!

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, смета дека борбата за социјална правда и против полициската бруталност мора да продолжи.
– Видовме напредок на тоа поле, но потоа малку ја тргнавме ногата од педалот за гас. Не смееме да го правиме тоа, мора да продолжиме да даваме гас. Кошарката треба да претставува платформа за ширење на позитивни мисли и љубов низ целиот свет – порача Џејмс.

Прочитај повеќе

Шахтјор моќно до Интер, Севиља за финале против Јунајтед! (ВИДЕО)

Слободен печат

Мурињо го ангажираше првото летно засилување (ФОТО)

Слободен печат

Нашите ракометарки ќе го бркаат мундијалскиот бараж во Грција

Слободен печат

УЕФА одложи натпревар од ЛШ поради Ковид-19

Слободен печат

Најдовски си заминува од Вардар, доаѓаат Петровиќ и Игески!

Слободен печат

Харгривс: Од Дортмунд блефираат, Санчо ќе игра за Јунајтед!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ракометарите на Металург со негативни тестови на коронавирус

Слободен печат

Ибрахимовиќ ужива на одмор и ја исмева Англија! (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛШ, Матеус: Левандовски е подобар и од Меси!

Слободен печат

Од ФФМ разочарани поради односот на одговорните лица во Општина Прилеп

Слободен печат

„Дрим-тимот“ на ФИБА Евробаскет во последните две децении

Слободен печат

ЛШ, Тухел: Одбраната ќе биде многу важна против Аталанта!

Слободен печат