НБА играчите во проблеми: Им се намалуваат или укинуваат платите

На кошаркарите во НБА лигата ќе им бидат исплатени платите според предвиденото во април, но примањата потоа се под голем знак прашалник, јавува влијателниот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Причина за ова е суспензијата на НБА лигата поради пандемијата на коронавирусот. Поради тоа не се исклучува да дојде до намалување на платите или целосно запирање на исплатата, а челниците на НБА лигата веќе испрати меморандум до сите екипи.

Според извештаите, ваков потег е дозволен поради клаузулата од колективниот договор. Не него се наведува дека на играчите е можно да им се намалат платите во катастрофални состојби какви што се војна, природни катастрофи или епидемија.

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, на 11. март ја стави лигата во „карантин“ откако тестовите покажаа дека центарот на Јута, Руди Гобер е позитивен на коронавирусот. Силвер тогаш објави дека лигата е суспендирана најмалку 30 дена, но доколку се влоши состојбата со пандемијата на коронавирусот, тогаш е можно паузата да трае многу подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот