НБА играчи заиграа фудбал на тренинг, Гризман умре од смеење (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота тимбервулфс на првиот тренинг заиграа фудбал.

Екипата на Минесота ги започна подготовките за новата сезона иако актуелната сè уште не е завршена.
Во Дизни Ворлд во Орландо се игра самата завршница во НБА лигата, ЛА Лејкерс го чекаат противникот во големото финале, но во Минесота одлучија да не губат време и да ги започнат подготовките уште сега и да се обидат наредната сезона да обезбедат пласман во плеј-офот.

На првиот тренинг кошаркарите се забавуваа играјќи фудбал, а сето тоа Минесота го објави на социјалните мрежи. Некои од играчите славеа така како што прават и фудбалерите, додека останатите постигнувањето на головите го правеа на свој начин – со скок и удирање на телото со другиот играч.

НБА тимот при објавата го предизвика фудбалскиот клуб на Минесота која реагираше на социјалните мрежи.
„Но, тие прослави на головите“, одговорија од фудбалскиот тим.


На објавата на Минесота реагираше и ѕвездата на Барселона, Антоан Гризман, кој е голем фан на НБА. Тој откако ја „тагна“ Минесота објави емотикони кои плачат од смеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот