НБА и ФИБА основаат ново натпреварување, прв човек ќе биде Барак Обама

twitter/Chicago Sun-Times

НБА и ФИБА се во завршни преговори за да започнат кошаркарска лига во Африја, а една од главните функции во таа организација би требало да има и поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Според планот, лигата би се нарекувала Кошаркарска лига на Африка (БАЛ) и би имала 12 екипи од целиот континент.

– Кошаркарската лига на Африја е важен чекот во континуираниот развој на кошарката во Африка. Во комбинација со другите наши програми, сакаме да јаискористиме кошарката како економски двигател во Африка кој би отворил нови можности во спортот, во медиумите и технологијата ширум Африка – изјави комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Последниот состанок помеѓу ФИБА и НБА се одржа изминатиот викенд и на него присуствуваа Адам Силвер, генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис, претседателот на ФИБА Африја, Аман Нијанг, сопственикот на Шарлот хорнетс, Мајкл Џордан и уште неколку луѓе од НБА, додека пред видео порака им се обрати и Барак Обама.


„Доколку вложите напори преку спортот сигурно ќе бидете наградени“ – им порача Обама на присутните.

Според најавите на челниците на НБА, африканската кошаркарска лига на шампионите би стартувала веќе идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот